Едно интервју направи лавина. Боливудската афера на Ѓоковиќ, што ја пласираа бритаските медиуми, а потоа ја проширија италјанските, изгледа прераснува во боливудска сапуница.
Семејните проблеми на најдобриот тенисер на светот, кои беа причина за лошата игра на Вимблдон и во Рио годинава, нужно станаа брачни, а медиумите не штедат зборови да најдат докази дека среќниот брачен брод на Ѓоковиќ тоне.
Од друга страна, Јелена и Ноле, кои се редовни на социјалните мрежи, како да ја демантираат приказната објавувајќи заеднички фотографии на кои изгледаат секако само не разделено.
Now off you go amore! ❤️❤️❤️ Good luck! @djokernole #sneakersforgood
A photo posted by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on
Синоќа Јелена објави фотографија од заедничка забава на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“. На фотографијата се прегрнати и среќни, какви што се и на сите фотографии што досега ги објавиле двајцата, а ни папараците не успеале да ги начекаат во непријатна ситуација, која ќе ги потврди пишувањата на таблоидите.
#tbt Team NDF!! ❤️❤️❤️❤️ @novakfoundation
A photo posted by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.