Суспендираната бразилска претседателка Дилма Русеф денеска во Сенатот кој одлучува за нејзината политичка судбина, демнатираше дека извршила кривично дело заради кое би требало да биде сменета од функција. Русеф (68) нагласи дека процедурата за нејзино сменување е „пуч организиран од нејзините политички непријатели“.
– Знам дека ќе ми се суди, но мојата совест е чиста. Не сум извршила кривично дело, наведе Русеф.
Таа потсети дека во 2014 година била избрана со 54 милиони гласови и додаде дека го почитувала Уставот.
– Не можам, а да не почувствувам горичина на неправда, изјави таа пред Сенатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.