| четврток, 6 декември 2018 |

Секој напад врз лекар е кривично дело

Лекарите се службени лица. Секој кој ќе се обиде физички да ги нападне кривично ќе одговара. Законските измени следеа по зачестените напади врз лица во бел мантил, а кулминираше со пукањето со огнено оружје во хирург на скопските клиники. После овој настан претставниците на фелата и министерството потпишаа и повелба за унапредување лекарските права.

лекари

– Во делот на заштитата на лекарите ваква законска одредба постои, ја вметнавме со измените на Законот за здравствена заштита со која предвидовме дека напад на лекар се смета за напад на службено лице, што значи дека казната за напад на лекар е исклучително висока, исто како да се нападне друго овластено службено лице за што има повисоки санкции од обичен напад. Ако има такви напади, тие ќе бидат санкционирани согласно овој закон. Законот е донесен во овој сегмент и стапен на сила и секој напад на лекар се смета за напад на службено лице и се казнува согласно тој закон. Тоа е кривично дело – изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Од македонското лекарско друштво бараат двојно да се казнуваат напаѓачите на лекарите.

На светскиот ден на здравјето министерот Никола Тодоров истакна дека сериозано се вложува во јавното здравство.

Во моментот има инвестиции од 42 милиони евра во опрема, градба и реконструкција на болници. Лани на обука биле 1.000 здравствени работници, а едукациите продолжуваат и годинава. За Тодоров напредокот кој го констатира Европскиот здравствен потрошувачки индекс е најдобра оценка за македонското здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top