Ѓорѓи Топаловски, бегалецот по кого македонската полиција трагаше седум години за убиството на Андреј Филип (34) – Џиџи и неговиот шура Новица Благоевиќ (30) – Моско, ќе седне на обвинителна клупа за двојното убиство, пишува весникот „Вест“.
Судењето за убиството на двајцата скопјани кои најпрво беа застрелани, а потоа прегзени со автомобил е веќе закажано во Основниот суд Скопје 1.
Инаку, полицијата со меѓународна потерница трагаше по Топаловски од декември 2007 година. Тој беше пронајден во август 2012 во Доминиканската Република каде престојувал со литванска патна исправа на име Ареи Аргеад.
Во април оваа година тој беше екстрадиран во Македонија и спроведен во истражниот затвор во Скопје, а сега го очекува судењето за кривично дело убиство на миг, за што според кривичниот закон предвидена е затворска казна до една до пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одложено судењето за 27 април
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Сведок ги препозна двајцата напаѓачи на судењето за убиството на Саздовски
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа