Сопственик на ресторан во предградие на Париз одбил да услужи две муслиманки со зборовите „Сите сте терористи“.
Тоа повторно создаде тензии во Франција. Настанот се случил синоќа, а една од жените која не била услужена го снимила инцидентот и го објавила видеото на социјалните мрежи.
На снимката се гледа како човекот на жените кои носат хиџаб им вели дека муслиманите се терористи и терористите се муслимани.
Овој настан предизвика луѓе да се соберат пред ресторанот, а на социјалните мрежи муслиманите повикуваат на протести.
Сопственикот на ресторанот кажал дека се кае, но бил лут затоа што негов пријател загинал лани во нападите во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)