Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика денеска граѓаните од турско потекло активно да учествуваат во германското општество и да не ги пренесуваат во Германија конфликтите од Турција.
– Прво и пред се, не треба да бидат пренесени конфликтите кои постојат во Турција во Германија. Наместо тоа, оние кои живеат тука со години и веројатно имаат и германско државјанство, треба да учествуваат во развојот на земјата и ако го сакаат тоа, ние би ги поздравиле за тоа-рече таа во интервју за државната телевизија А Ер Де.
Меркел доби критики порати интервју во „Пасауер Ноје Пресе” во вторникот, во кое вели: „Очекуваме луѓето со турско потекло кои живеат во Германија долго време да имаат висок степен на лојалност кон нашата земја”.
Меркел, во денешното интервју, уште посочи дека се уште не е подготвена да каже кога ќе објави дали ќе се кандидира за нов мандат,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.