| четврток, 6 декември 2018 |

Трите состојки кои ја „ослабнаа“ Ким Кардашијан

Иако за време на бременоста стави 28 нови килограми на себе, што и предизвика паника и изјави дека никогаш повеќе нема да раѓа, Ким Кардашијан успеа да симне 20 килограми и тоа само со лесна диета.

Иако постои мислење дека на нејзиното тело работат цел тим експерти, мора да се разбере дека само со силна волја и желба може да се загубат несаканите килограми. А ако Ким успеа, тоа го можат сите.

#BlogHer16 Experts Among Us Conference

Нејзиниот рецепт, по кој успеа во своето слабеење, има само три лесни и достапни состојки.

Кардашијан се одлучила за Аткинсоновата диета, но салатата е таа која била најзаслужна за нејзиното слабеење.

Таа редовно јадела листови спанаќ, пилешко месо подготвено на скара и фета сирење, сето тоа измешано со малку зејтин и зачини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top