Две лица се спасени од ненаселен остров во Тихиот океан откако хеликоптер на американската воена морнарица го забележала нивниот СОС знак. Повикот за помош бил напишан на песокот на плажата на островот Источен Фају во Микронезија, по што биле повикани спасителите.
Пред да бидат најдени, претходела потрага по нив која траела цела недела. Линус и Сабина Џек, двајцата во своите 50ти години, беа пријавени за исчезнати откако не успеале да стигнат на блискиот остров.
Кога испловиле од островот Вено понесле малку намирници и немале опрема за спасување. При потрагата биле пребарани над 16,5 илјади квадратни милји со 15 бродови и две летала.
Сепак, парот бил пронајден откако еден капетан на брод пријавил дека забележал светло на ненаселениот остров.
Ова е втор ваков случај оваа година во истиот регион.
Во април тројца мажи се спасени од малечок ненаселен остров. Тие употребиле палмини стебла за да напишат „ПОМОШ“ на песокот. Морнарицата ги пронашла по три дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Херој од нашето маало: Офицер на АРМ спаси живот на девојче со епилептичен напад повредено во сообраќајка
-
Пиштол, компас, секира, овошје: Што ќе понесе секој хороскоп со себе на пуст остров?
-
Лекарите од „Козле“ спасуваат детски животи: Од телата на децата извадени ланчиња, игли, трева
-
Драма под Титов врв: Го чувавме како капка во секоја секунда, иако бевме премрзнати!