Одлуката може да се основа на инстинктите кои ги налага вашиот хороскопски знак…
Овен – Компас
Овните се независни и постојано имаат потреба за авантура. Тука во игра доаѓа компасот кој ќе им помогне да знаат во која насока се движат. Не се плашат да одат напред, да искачат и планина и сè што ќе им наиде на патот. Ако најдат пештера, без страв ќе влезат во неа. Овните ја имаат најважната алатка за преживување – храброст.
Бик – Секира
Биковите се тврдоглави, но исто така и практични. Можеби ќе им треба долго време со секирата да го пресечат дрвото, но на крајот ќе успеат да направат засолниште за себе и да преживеат. Биковите имаат способност да бидат многу трпеливи и да се снајдат со помош на својата упорност.
Близнаци – Камуфлажа
Никогаш не можете да дознаете што точно мислат Близнаците, а ова посебно важи за Близнак кој е некаде заглавен на остров и осамен. Тогаш две страни испливуваат на површина – првата им вели да истражуваат сè околу себе, а другата им вели да се сокријат и спасат. Затоа, секогаш би одбрале камуфлажа да можат прикриено да истражуваат наоколу.
Рак – Шатор
Како школката на крабата, така Ракот има потреба од шатор кој ќе функционира како засолниште и ќе биде безбедно место каде можат да се чувствуваат сигурни кога се осамени. Раковите заради својата нежна природа тешко ќе се соочат со ситуацијата, но ќе останат смирени и ќе се адаптираат на околината додека не дојде тим да ги спаси.
Лав – Пиштол за сигнализирање
Лавовите сакаат да прават сè со стил, па бидете сигурни дека овие амбициозни екстроверти ќе се погрижат да го привлечат вниманието на луѓето. Токму затоа, секогаш ќе одберат пиштол за сигнализирање со кој подготвено ќе чека да испука и да се спаси. Исто така, можно е дури да направат и огнен знак на плажа за некој да ги забележи.
Девица – Семе за овошје и зеленчук
Девиците се знакот кој е најмногу во допир со природата и знакот кој има најмала шанса да остане прегладнет на пуст остров, бидејќи ќе одберат со себе семе кое ќе го засадат и така да преживеат. Дури може и да почнат да уживаат сами со себе на островот додека имаат доволно храна за преживување.
Вага – Книга за преживување
Вагите сакаат со план да ја „нападнат“ секоја ситуација, да знаат кое растение е отровно, која вода можат да ја користат за пиење… Па заради тоа, ако се најдат на пуст остров, покрај себе ќе сакаат да имаат книга за преживување која во себе ќе ги содржи сите идеи за снаоѓање во дивината.
Скорпија – Мачета
Скорпијата никогаш не би кажала не на оружје, посебно кога треба да се снајде и да преживее. Не сакаат некој грабливец да ги фати неподготвени и да ги нападне, напротив, внимателни и на штрек, први ќе нападнат и ќе се спасат. А, после тоа, Скорпиите одбираат да ловат за да преживеат и да се нахранат.
Стрелец – Кану
Веднаш штом би се нашле на пуст остров, Стрелците ќе почувствуваат сериозна досада и ќе сакаат да избегаат од таму. Затоа, ако треба да одберат нешто, секогаш би одбрале кану со кое ќе можат да заминат на патување низ океани и мориња. Стрелците секогаш се подготвени да почнат со планирање на бегство.
Јарец – Мапа
Ако Јарецот не може нешто да истрпи, тоа е да нема одговори. Мораат да знаат каде се во било кое време и да знаат што ќе прават понатаму. Затоа, мапата секогаш ќе им се најде за двапати да проверат што и како прават. Плус, Јарците би ги запишувале и сите поважни информации за ништо да не заборават.
Водолија – Повеќенаменски нож
Водолијата е најиновативна и креативна од сите други хороскопски знаци, па со себе би понела повеќенаменски нож со кој ќе може да креира средство за патување, засолниште, да запали оган… Ако некој има најголема шанса да преживее, тоа е Водолијата која без оглед на ситуацијата никогаш нема да се откаже, а нејзините идеи никогаш нема да престанат да испливуваат на површина.
Риби – Дневник
Емоциите на Рибите ќе испливаат на површина и комплетно ќе ги обземат, па затоа, ќе мораат да најдат начин како да ги изразат. Како би можеле да наштетат на кутро, беспомошно животно за да преживеат? За тоа ќе пишуваат сè додека некој не дојде и ги спаси од непријатната ситуација.
извор:македонијаденес.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.