Непознати напаѓачи пукале во хотелот „Ројал“ на патот Тетово – село Брвеница, вчера околу 22 часот.
Од автомобил биле испукани неколку поединечни истрели кон хотелот при што шест зрна завршиле во влезната врата и во страничните прозорци. Никој не е повреден.
Од полицијата информираат дека по пријавувањето на случајот од страна на 46-годишниот сопственик Џ.И. извршиле увид, куршумите се пронајдени и предадени на натамошно вештачење. Сопственикот на хотелот во полицијата изјавил дека не се сомнева во никого и дека никој не му се заканувал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.