| четврток, 6 декември 2018 |

За каква криза се подготвуваат Германците?

Гер­ман­ски­те гра­ѓа­ни де­но­ви­ве имаа мож­ност да се со­о­чат со стра­вот, па­ни­ка­та и не­из­вес­но­ста кои нај­го­ле­ми­от дел од бал­кан­ски­те гра­ѓа­ни, ре­чи­си, ре­дов­но ги гле­даа во пос­лед­ни­те 70 го­ди­ни. Ју­гос­ло­ве­ни­те по­ра­ди конф­ли­ктот со Ру­си­ја за Ин­форм­би­ро­то, Сло­вен­ци­те во Јун­ска­та вој­на во 1991 го­ди­на, Хр­ва­ти­те и Бо­сан­ци­те во те­кот на че­ти­ри­го­диш­на­та вој­на од 1992 до 1995 го­ди­на, Ср­би­те, Цр­но­гор­ци­те и Ко­сов­ци­те за вре­ме на на­па­ди­те на НА­ТО во 1999 го­ди­на и Ма­ке­дон­ци­те во 2001 го­ди­на, и без ба­ра­ње од вла­сти­те, се нај­доа во си­ту­а­ции ко­га мо­раа да соз­да­ва­ат ре­зер­ви на хра­на, во­да, ле­ко­ви и дру­ги на­мир­ни­ци по­ра­ди страв од вој­на и дру­ги ви­до­ви кри­зи. Тој стрес се­га го до­жи­ве­а­ја и при­пад­ни­ци­те на нај­бо­га­та­та и нај­моќ­на европ­ска на­ци­ја - Гер­ман­ци­те. Тие беа со­ве­ту­ва­ни од гер­ман­ска­та фе­де­рал­на вла­да да тру­па­ат ре­зер­ви од жи­вот­ни на­мир­ни­ци за нај­мал­ку де­сет де­на

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Де­ка све­тот ве­ќе не е ист ка­ко не­ко­гаш, по­крај по­сто­ја­ни­те те­ро­ри­стич­ки на­па­ди, ко­ла­те­рал­ни­те бом­бар­ди­ра­ња во кои ги­нат не­ви­ни лу­ѓе, са­мо­у­бис­тве­ни­те на­па­ди, по­ка­жу­ва и нај­но­ви­от гер­ман­ски кон­цепт на ци­вил­на за­шти­та, кој отка­ко ќе би­де одо­брен од фе­де­рал­ни­те ми­ни­стри, ќе тре­ба да го ами­ну­ва Со­јуз­ни­от пар­ла­мент или Бун­де­ста­гот. А, спо­ред но­ви­от кон­цепт на ци­вил­на за­шти­та, гра­ѓа­ни­те тре­ба да скла­ди­ра­ат во­да и хра­на за нај­мал­ку де­сет де­на, кол­ку што би тра­ел пер­и­о­дот на во­нред­на со­стој­ба пре­диз­ви­ка­на од при­род­ни не­по­го­ди или од дру­ги при­чи­ни пре­диз­ви­ка­ни од чо­ве­кот. Спо­ред ана­ли­зи­те, во пер­и­о­дот од де­сет де­на по евен­ту­ал­на при­род­на ка­та­стро­фа служ­би­те за по­мош не би мо­же­ле да би­дат функ­ци­о­нал­ни и за­тоа гра­ѓа­ни­те тре­ба да се под­го­тват са­ми да ми­нат низ криз­на­та си­ту­а­ци­ја. Пра­ктич­но, во си­ту­а­ци­ја ко­га гер­ман­ска­та еко­но­ми­ја цу­ти, ко­га не­вра­бо­те­но­ста е ре­корд­но ни­ска, ко­га Гер­ма­ни­ја го зго­ле­му­ва бу­џе­тот на Ар­ми­ја­та и бро­јот на вој­ни­ци, ко­га Гер­ма­ни­ја по­се­ду­ва нај­на­пре­ден си­стем за сле­де­ње по­тен­ци­јал­ни те­ро­ри­сти и еле­мен­тар­ни не­по­го­ди, гер­ман­ска­та вла­да не­де­ла­та зад нас прв­пат по кра­јот на Сту­де­на­та вој­на ги со­ве­ту­ва­ше сво­и­те гра­ѓа­ни да пра­ват ре­зер­ви од ос­нов­ни про­ду­кти за жи­вот.

 

На­пад на гер­ман­ска те­ри­то­ри­ја не е мож­на оп­ци­ја

Во до­ку­мен­тот со кој се пред­ла­га но­ви­от кон­цепт за ци­вил­на за­шти­та, а кој е долг 69 стра­ни­ци и го под­го­тви Ми­ни­стерс­тво­то за вна­треш­ни ра­бо­ти во со­ра­бо­тка со екс­пер­ти од Ар­ми­ја­та и дру­ги вла­ди­ни аген­ции и те­ла, се ве­ли де­ка на­пад на гер­ман­ска те­ри­то­ри­ја кој би по­ба­ру­вал кон­вен­ци­о­нал­на од­бра­на не е ве­ро­ја­тен. Се­пак, во ид­ни­на не се иск­лу­чу­ва­ат го­ле­ми за­ка­ни за на­ци­о­нал­на­та без­бед­ност по­ра­ди што се не­оп­ход­ни со­од­вет­ни мер­ки, ка­ко скла­ди­ра­ње во­да и хра­на. Спо­ред опо­зи­ци­ја­та, вла­ста сее па­ни­ка и страв. За дел од опо­зи­ци­ја­та кон­цеп­тот на ци­вил­на од­бра­на на ми­ни­сте­рот за вна­треш­ни ра­бо­ти е ве­штач­ко соз­да­ва­ње страв од криз­ни со­стој­би за­ра­ди по­ли­тич­ки це­ли. Пред­лог- кон­цеп­тот што тре­ба да го нас­ле­ди ста­ри­от план за ци­вил­на за­шти­та, стар по­ве­ќе од 20 го­ди­ни, бе­ше кри­ти­ку­ван и на со­ци­јал­ни­те мре­жи, ка­де што под оз­на­ка­та „ку­пу­ва­ње па­ни­ка“ беа об­ја­ву­ва­ни сто­ти­ци кри­тич­ки на­стро­е­ни ко­мен­та­ри за ба­ра­ње­то на Вла­да­та да се на­ба­ви хра­на за 10 де­на и во­да за нај­мал­ку 5 де­на. На ми­ни­сте­рот Де Ма­зи­ер му се за­бе­ле­жу­ва де­ка без ре­ал­на по­тре­ба соз­да­ва стрес ме­ѓу на­се­ле­ни­е­то и де­ка ја де­фо­ку­си­ра јав­но­ста од проб­ле­мот со не­под­го­тве­но­ста на по­ли­ци­ја­та да се спра­ви со ра­ди­кал­ни по­е­дин­ци кои не­кол­ку па­ти ле­то­во ја шо­ки­раа гер­ман­ска­та јав­ност уби­вај­ќи ци­ви­ли во раз­лич­ни ин­ци­ден­ти. Нај­го­ле­ми­от дел од Гер­ман­ци­те ги до­че­каа со­ве­ти­те на Вла­да­та со ци­ни­зам, без ви­стин­ска ре­ак­ци­ја. За раз­ли­ка од бал­кан­ски­те зем­ји, ка­де што, и без ја­вен по­вик од вла­сти­те, на се­ко­ја шпе­ку­ла­ци­ја за кри­за про­дав­ни­ци­те се праз­нат ин­стант­но, во Гер­ма­ни­ја по­ви­кот на та­мош­но­то МВР по­ми­на ре­чи­си без ни­ка­ков ме­теж или тур­ка­ни­ци во ду­ќа­ни­те.

kol208-2-2

Ре­зер­ви

Во Гер­ма­ни­ја има над 5.000 јав­ни бун­ке­ри и за­сол­ни­шта гра­де­ни со по­мош на др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции. Тие се сме­сте­ни во учи­ли­шта, јав­ни уста­но­ви, при­ват­ни ку­ќи, но ни од­да­ле­ку не мо­жат да пру­жат за­сол­ни­ште за си­те гра­ѓа­ни. За прет­став­ни­ци­те на Вла­да­та по­стои спе­ци­ја­лен бун­кер кој се на­о­ѓа на 30 ки­ло­ме­три од ста­ри­от гла­вен град, Бон, но не­ма ин­фор­ма­ции да­ли та­ков сли­чен об­јект има и во Бер­лин или во не­го­ва­та бли­зи­на. Спо­ред гер­ман­ски­те за­ко­ни, си­те за­сол­ни­шта из­гра­де­ни во те­кот на Сту­де­на­та вој­на тре­ба да би­дат одр­жу­ва­ни и не сме­ат да би­дат пре­на­ме­ну­ва­ни за дру­ги це­ли. Во исто вре­ме, др­жа­ва­та на тај­ни ло­ка­ции има скла­ди­ра­но огром­ни ко­ли­чи­ни хра­на ко­ја би се ко­ри­сте­ла во во­нред­на со­стој­ба.

Кои се при­чи­ни­те за по­ви­кот од Вла­да­та?

Мно­гу­ми­на од гер­ман­ски­те гра­ѓа­ни во по­ви­кот на Вла­да­та пре­поз­наа кон­крет­ни за­ка­ни. Дел од нив сме­та­ат де­ка Вла­да­та во Бер­лин не ја ка­жу­ва це­ла­та при­чи­на за по­ви­кот да се скла­ди­ра хра­на и во­да. Дел од нив се убе­де­ни де­ка гер­ман­ски­те без­бед­нос­ни аген­ции има­ат кон­крет­ни ин­фор­ма­ции за пла­ни­ра­ни на­па­ди врз во­до­во­ди, ре­ки и езе­ра од ка­де се ко­ри­сти во­да за пи­е­ње за на­се­ле­ни­е­то, де­ка се мож­ни ин­ци­ден­ти во кои би би­ле за­га­де­ни го­ле­ми ко­ли­чи­ни хра­на, по­се­ви или во­да со ко­ја се на­вод­ну­ва­ат по­вр­ши­ни под овош­је или зе­лен­чук и дру­ги про­из­во­ди за ши­ро­ка по­тро­шу­вач­ка. Има и та­кви што сме­та­ат де­ка фе­де­рал­ни­те вла­сти има­ат ин­фор­ма­ции за наг­ли про­ме­ни на кли­ма­та и за еле­мен­тар­ни не­по­го­ди што мо­жат од те­мел да го раз­ни­ша­ат удоб­ни­от жи­вот што го жи­вее нај­моќ­на­та европ­ска др­жа­ва. Ви­сти­на­та, спо­ред тоа што мо­же да се про­чи­та во ме­ди­у­ми­те и на со­ци­јал­ни­те мре­жи, е не­ка­де на сре­ди­на­та. Вла­да­та не крие де­ка се мож­ни не­о­че­ку­ва­ни без­бед­нос­ни ин­ци­ден­ти или еле­мен­тар­ни не­по­го­ди ка­ко тие во мај ко­га по ин­тен­зив­ни­те вр­не­жи во јуж­ни­от дел од зем­ја­та за­ги­наа де­се­ти­на ли­ца, а не­кол­ку гра­до­ви и се­ла со не­де­ли не мо­жеа да се ста­би­ли­зи­ра­ат по не­вре­ме­то кое во 4-ми­ли­он­ски­от Бер­лин пре­диз­ви­ка не­кол­ку­ча­со­вен ха­ос и пре­кин на со­о­бра­ќа­јот.

(Текст објавен во 208. број на неделникот Република, 26.08.2016)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top