| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумите ад хок алиби на Заев?

Што се крие зад ад хок ре­ше­ни­е­то за ме­ди­ум­ска ре­гу­ла­ци­ја и зад нај­а­ви­те де­ка тоа е са­мо при­вре­ме­но ре­ше­ние и оти по­ли­ти­ча­ри­те до­пр­ва ќе се за­ни­ма­ва­ат со ме­ди­у­ми­те? Ако се има­ат пред­вид ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ска по­ли­тич­ка кул­ту­ра и тра­ди­ци­ја­та што се на­мет­ну­ва, де­ка ќе се ба­ра влак­но во јај­це­то при евен­ту­а­лен нов обид за бег­ство од из­бо­ри или во кра­ен слу­чај при по­раз, тоа влак­но овој пат мо­же да би­де ра­бо­та­та на ова ад хок те­ло, чи­е­што бло­ки­ра­ње би го ур­на­ло ми­тот за за­вр­ше­на до­маш­на за­да­ча

Отка­ко се по­пол­ни на те­рен сѐ што бе­ше по­ли­тич­ка­та вол­ја на опо­зи­ци­ја­та, се­га сѐ по­о­чиг­лед­но е одр­жу­ва­ње­то на из­бо­ри­те до кра­јот на го­ди­на­ва. Се­пак, за да не из­ле­зе де­ка ра­бо­ти­те одат под­мач­ка­но, по­втор­но во фо­ку­сот се нај­доа ме­ди­у­ми­те и нив­на­та ре­гу­ла­ци­ја. За вол­ја на ви­сти­на­та, ме­ди­у­ми­те и из­бор­ни­от спи­сок беа на­ве­де­ни ка­ко ми­ни­мум ус­ло­ви за из­бо­ри. Отка­ко по­ло­ви­на ми­ли­он фан­том­ски гла­са­чи се пре­тво­ри­ја во три­е­се­ти­на ил­ја­ди жи­ви лу­ѓе, кои по­втор­но ќе има­ат пра­во актив­но да се ре­ги­стри­ра­ат во спи­со­кот во пре­диз­бо­ри­е­то, опо­зи­ци­ја­та се­га не­ма дру­го освен да ја комп­ли­ку­ва ме­ди­ум­ска­та ре­гу­ла­ци­ја за да не из­ле­зе ка­ко хе­ро­и­на­та во при­каз­на­та за „лес­на­та де­вој­ка“.

Но, не слу­чај­но се оста­ва про­стор за но­ви ба­ра­ња за но­ви за­кон­ски из­ме­ни во пос­ле­ден мо­мент, ка­ко што бе­ше нај­а­ве­но и од Здру­же­ни­е­то на но­ви­на­ри за тоа да се раз­го­ва­ра на сред­ба­та за­мис­ле­на ка­ко по­че­ток на кра­јот на по­ли­тич­ка­та кри­за и дви­же­ње кон но­ви из­бо­ри.

Не мо­же да се збо­ру­ва за ме­ди­у­ми­те и за СДСМ, а тоа да не нѐ до­не­се кон „култ­на­та“ из­ја­ва на ли­де­рот Зо­ран За­ев де­ка „ме­ди­у­ми­те се глав­ни по­ли­тич­ки не­при­ја­те­ли“ или по­ра­ки­те зад ка­ме­ри­те де­ка се­то тоа тре­ба да се за­тво­ри, со­ме­ле, за­па­ли. Ја­де­ње­то жи­ви лу­ѓе во ме­ди­у­ми­те, она­ка ка­ко што беа до­че­ку­ва­ни до­бар дел од но­ви­на­ри­те на прес- кон­фе­рен­ци­и­те во шта­бот на СДСМ. Зар не­кој ги за­бо­ра­ви фи­зич­ки­те на­па­ди врз ме­ди­у­ми­те што не им се по вол­ја и фи­нан­си­ска­та „уре­ду­вач­ка по­ли­ти­ка“ на Со­рос? Про­те­сти­те, кр­ше­ња­та, оби­ди­те за упад во МРТВ, по­ли­тич­ки­те пре­со­ви и ми­тин­зи пред при­ват­ни ме­ди­у­ми са­мо ја на­до­пол­ну­ваа сли­ка­та за од­но­сот на СДСМ кон ме­ди­у­ми­те што се „дрз­на­ле“ да ги кри­ти­ку­ва­ат и ка­ко пар­ти­ја и ка­ко по­е­дин­ци по­ли­ти­ча­ри.

Ни­ка­ко не мо­же да се за­бо­ра­ви де­ка на­чи­нот на кој СДСМ ги за­мис­лу­ва­ше „сло­бо­да­та на ме­ди­у­ми­те“ и „про­фе­си­о­нал­но­то, об­је­ктив­но и транс­па­рент­но но­ви­нарс­тво“ на­и­де на от­пор ду­ри и кај нив­на­та ис­по­ста­ва ЗНМ и кај се­стрин­ски­от син­ди­кат. Нив­на­та ви­зи­ја ка­ко тре­ба да изг­ле­да­ат ме­ди­у­ми­те бе­ше на­го­ле­мо оце­не­та ка­ко цен­зур­на, пре­ку ди­рект­на кон­тро­ла во јав­ни­от сер­вис, ка­ко и со со­ве­тот во Аген­ци­ја­та за ме­ди­у­ми за­мис­лен да каз­ну­ва и да за­тво­ра ме­ди­у­ми по лич­но ви­ду­ва­ње за­ра­ди ли­чен став на но­ви­на­ри­те.

akt208-2

Ко­га ве­ќе се по­тсе­ту­ва­ме за ме­ди­у­ми­те, по­ли­тич­ко­то и за (пред)из­бор­но­то из­ве­сту­ва­ње, мо­ра да се ана­ли­зи­ра и нив­но­то вли­ја­ние врз гла­са­чи­те во плу­ра­ли­стич­ка­та исто­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја. Та­ка, зар об­је­ктив­но­ста во ме­ди­у­ми­те и ед­на­кви­от при­стап на опо­зи­ци­ја­та до нив и до пуб­ли­ка­та ги тур­на нас­лед­ни­ци­те на „ед­но­у­ми­е­то“ од власт во 1998 го­ди­на и по­втор­но во 2006 го­ди­на? Да­ли опо­зи­ци­ја­та то­гаш има­ше рам­но­пра­вен про­стор во ете­рот, во ве­сти, еми­сии, де­ба­ти, да­ли од­на­пред им беа до­го­ва­ра­ни пра­ша­ња­та и им се по­сти­лаа цр­ве­ни ки­ли­ми и уред­ни­ци од пор­та до сту­дио. Да­ли во вес­ни­ци­те и во не­дел­ни­ци­те ги од­би­раа нај­у­ба­ви­те фо­то­гра­фии и ци­та­ти од нив?

Јав­ни­от сер­вис и то­гаш бе­ше „дуп­ка“, не мно­гу под­ла­бо­ка од се­га, ама та­му ра­бо­ти­те, пак, беа дра­стич­ни. Од тоа ка­ко на вре­ме­то бе­ше наз­на­чен, па раз­ре­шен то­гаш­ни­от по­ли­тич­ки ко­ме­сар, до тоа ка­ко беа но­се­ни „удар­ни­те“ сер­вис-ка­дри, кои по­тоа беа про­нај­де­ни на ли­ста­та на вла­ди­на­та пи-ар фа­бри­ка. Ни­што по­раз­лич­на со­стој­ба не­ма­ше ни­ту во при­ват­ни­те ме­ди­у­ми, чи­и­што то­гаш­ни но­ви­на­ри се­га се ме­ди­ум­ски­те гу­руа на СДСМ. Уште по­ин­те­рес­но е нив­но­то дејс­тву­ва­ње се­га, со тоа што ди­рект­но од нив за­ви­си да­ли и кој опо­зи­ци­ски функ­ци­о­нер ќе учес­тву­ва во одре­де­на про­гра­ма или ве­сти на не­кој ме­ди­ум, и по­крај јас­но изра­зе­на­та вол­ја на по­ли­ти­ча­рот.

И ту­ка се по­ста­ву­ва пра­ша­ње­то да­ли СДСМ со тоа што ќе бој­ко­ти­ра одре­ден ме­ди­ум (што во­оп­што не е чу­до) не­ма да „из­лиз­га“ одре­де­ни ме­ди­у­ми да не мо­жат да еми­ту­ва­ат ана­ли­за. Или ако СДСМ не­ма ни­ка­ква актив­ност еден ден, не­ма да се еми­ту­ва ни­ту пре­диз­бор­на актив­ност на ВМРО-ДПМНЕ за­тоа што не­ма да има ед­на­кво долг став и од СДСМ? Ова пра­ша­ње е по­ве­ќе ре­ал­ност откол­ку хи­по­те­тич­ко имај­ќи го пред­вид до­се­гаш­ни­от од­нос на пар­ти­ја­та кон одре­де­ни ме­ди­у­ми. Ду­ри и при нив­ни­те оби­ди да учес­тву­ва­ат во дел од нив, по­ви­ка­ни на ин­терв­јуа сре­де ве­сти, вре­ме­то и про­сто­рот го зло­у­по­тре­би­ја за плу­ка­ње по нив­ни­те до­ма­ќи­ни.

Се­га ко­га се фор­ми­ра ад хок те­ло­то кое ќе тре­ба де­вет па­ти да ме­ри, а ед­наш да се­че и ко­га си­те оче­ку­ва­ат (ко­неч­но) да се за­вр­ши и со овој по­ли­тич­ки из­лет, не мо­же да не се оче­ку­ва де­ка во тоа петч­ле­но те­ло не­ма да има по­ли­ти­ка и де­ка по­ли­тич­ки наз­на­че­ни­те но­ви­на­ри-чле­но­ви ќе се др­жат стрикт­но до про­фе­си­о­нал­но­то оце­ну­ва­ње. Ако се оце­ну­ва и спо­ред сли­ки­те, ин­сер­ти­те и тен­ден­ци­и­те, мно­гу е ин­те­рес­но ка­ко, до­кол­ку бе­ше пре­диз­бо­рие, ќе бе­ше оце­не­та ме­ди­ум­ска­та по­кри­е­ност на не­о­дам­неш­на­та, да ја на­ре­че­ме не­среќ­на, из­ја­ва на Ше­ке­рин­ска, по­чи­на­ти­от да сед­не, и кои би би­ле пре­по­ра­ки­те и оцен­ка­та на те­ло­то?

Но, уште по­ин­те­рес­на е си­ту­а­ци­ја­та со пор­та­ли­те. Тие во овој мо­мент има­ат ду­ри и по­го­ле­ма моќ на вли­ја­ние со тоа што мо­же да пла­си­ра­ат ин­фор­ма­ции во си­те фор­ма­ти. Иа­ко се чи­ни де­ка си­те са­ка­ат да диг­нат ра­це од нив­на ре­гу­ла­ци­ја, тоа отво­ра мно­гу по­го­лем проб­лем. Ако се са­ка ви­стин­ска ре­гу­ла­ци­ја, тие не тре­ба да би­дат изо­ста­ве­ни. Но, и да се во­ве­де ред во тоа по­ле – си­те што пла­си­ра­ат ве­сти да би­дат ре­ги­стри­ра­ни ка­ко ме­ди­у­ми, а не да се кри­јат зад гра­ѓан­ски здру­же­ни­ја, да има­ат им­пре­сум и да ги по­чи­ту­ва­ат пра­ви­ла­та на игра. Ина­ку, што би ги спре­чи­ло, на при­мер, те­ле­ви­зи­и­те да трг­нат во сво­е­во­лие на овој не­ре­гу­ли­ран про­стор?

Во за­пад­ни­те де­мо­кра­тии сло­бо­да­та на ме­ди­у­ми­те е не­при­кос­но­ве­на, а, се­пак, има­ат по­ли­тич­ка зад­ни­на ко­ја е отво­ре­на, доз­во­ле­на и гра­ѓа­ни­те, од­нос­но гла­са­чи­те, ја при­фа­ќа­ат со свест за плу­ра­ли­зам и по­ли­тич­ки став. Ре­ше­ни­е­то кое се ко­ри­сти за овие из­бо­ри, со ва­ков тип ре­гу­ла­ци­ја на ме­ди­у­ми­те во пре­диз­бо­ри­е­то, е пре­зе­ме­но од Фран­ци­ја, но та­му ра­бо­ти­те на­ви­сти­на се по­и­на­кви. Та­му по­ли­тич­ка­та кул­ту­ра е на ни­во на кое опо­зи­ци­ја­та ед­вај че­ка мож­ност да се нај­де во ме­ди­у­ми­те и под­го­тве­но ја до­че­ку­ва се­ко­ја си­ту­а­ци­ја да се из­ле­зе на из­бо­ри.

Ако се има­ат пред­вид ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ска по­ли­тич­ка кул­ту­ра и тра­ди­ци­ја­та што се на­мет­ну­ва, де­ка ќе се ба­ра влак­но во јај­це­то при евен­ту­а­лен нов обид за бег­ство од из­бо­ри или во кра­ен слу­чај при по­раз, ана­ли­зи­рај­ќи ги на­ста­пи­те на За­ев, де­ка ова е са­мо при­вре­ме­но ре­ше­ние и де­ка по­ли­ти­ча­ри­те до­пр­ва ќе се за­ни­ма­ва­ат со ме­ди­у­ми­те, тоа влак­но овој пат мо­же да би­де ра­бо­та­та на ова ад хок те­ло, чи­е­што бло­ки­ра­ње би го ур­на­ло ми­тот за за­вр­ше­на до­маш­на за­да­ча.

И та­ка до бе­скрај. На­ме­сто ме­ди­у­ми­те да се за­ни­ма­ва­ат со по­ли­ти­ча­ри­те, по­ли­ти­ча­ри­те се за­ни­ма­ва­ат со ме­ди­у­ми­те, кои со оваа по­ста­ва на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја ја спо­де­лу­ва­ат суд­би­на­та на Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја, Из­би­рач­ки­от спи­сок и на Из­бор­ни­от за­ко­ник, тр­пеј­ќи из­ме­ни, хи­ро­ви и ту­то­ри при се­кој нов из­бо­рен цик­лус или обид за не­го.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 208. број на неделникот „Република“, 26.08.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top