Во Република Македонија во моментот околу 95 осто од медиумите се силно наклонети на Владата, а само околу 5 осто на опозицијата. Наклонетите кон Владата во најголема мерка се финансирани од странски извори, бидејќи пазарно не можат да опстојат. Дел од нив, некои помали се финасирани од владејачката партија, се разбира во кеш и непријавено.
Оние кои им се најважни, со притисок врз компаниите имаат издејствувано повеќето поважни фирми во земјата кои имаат потреба од рекламирање да се рекламираат најмногу таму, а оние две кои можат сами да опстојат на пазарот, се уценети со МВР, СЈО и ОЈО, евентуално УЈП и финасиската полиција. Отприлика тоа е ситуацијата на терен во медиумската сфера.
На меѓународната заедница оваа состојба во моментот и одговара заради престојната смена на името и идентитетот, двојазичноста, договорот со Бугарија и слични проекти кои одамна ги посакуваа, а кои Заев ги нарече редефинирање на државата. И така, сега немаме проблеми со демократијата и избалансираноста во медиумскиот сектор.
Нема никаква тензија околу фер медиумско преставување, мерење во секунди за кого колку време се говорело, казни, сега работите не само што се средени во медиумскиот простор, напротив уште се нагласува дека Македонија граби напред во ова поле.
Најпознатите меѓународни индекси се од институции контролирани од Сорос, па така нема ни проблем кога е СДСМ на власт Македонија да напредува на овие рангирања, а кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт да назадува и да се бара повеќе демократија. Сега има демократија со 95 осто медиуми под контрола на власта.
Така гледаме исти теми кои дневно се диригираат од кај Владата, за која велат дека многу сакаат да ги идентификуваат со претходниот начин на работа во однос на медиумската стратегија, иако тешко им оди.
Интересно е на пример како провладините медиуми и медиуми финасирани од странски извори известуваат од рочиштата на СЈО против ВМРО-ДПМНЕ во судот.
Поголем дел од новинарите кои ги праќаат на рочиштата не се правници или немаат никакво искуство во областа. Незантересирани се за суштината, и главно се фокусираат на работи кои потоа ги прават вест да денот, од типот: ,,Миле Јанакиевски се вработил во Пелистерка“ , „Груевски задоцни 6 минути на рочиште“, „Фатиме Фетаи довикна од место“, „Адвокатот на Груевски го молеше судијата“, или дека Груевски се пошегувал дека судот треба да му даде канцеларија, Јанакиески довикнал (на шега): дојде живот, по некоја фотографија во расчекор на обвинетите за да изгледаат неприродно или смешно, и тоа е главно она од што прават вест и наслови.
Од она суштинско што го говореле адвокатите на одбраната нема речиси ништо. Но, затоа кога СЈО ќе каже макар две реченици од тоа се прават долги текстови и анализи, макар да од немање што да кажат, ќе кажат нешто неважно од типот дека Груевски кажал нешто што претходно неговиот адвокат писмено го предложил, па дека Груевски од него го научил тоа (а зошто би го земал за адвокат ако нема што да научи од него?).
На крај, важно е насловот да е омаловажувачки за Груевски па макар и да е целосна и прилично препознатлива лага како оној пред некој ден на некој прилепски портал дека Груевски се исплашил од обвинителите и од новинарите и со трчање избегал од судот.
Всушност, тие 95 осто од медиумите присутни во салата, кои би требало да се јавност доаѓаат со задача да напишат нешто негативно за ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, Јанакиевски, Јанкуловска и другите, и нешто позитивно за СЈО и судијата, под услов ако судијата е видливо нерасположен кон обвинетите и нивните адвокати. Тогаш е добар. Во спротивно веднаш добива етикета од типот Сваровски судија или слично.
Во сето ова и по квалитет и по квантитет најистакнат е порталот СДК.мк на Горан Михалјловски, докажан новинар кој не може да ја сокрие омразата кон ВМРО-ДПМНЕ и експерт за живеење од странски пари, порталот „Фокус“ во сопственост на неделникот „Фокус“, кој исто така е горд на необјективноста и завземањето политичка страна, „Плусинфо“ и „Слободен печат“ на ,,ептен неутралниот и објективен“ Бранко Героски, НоваТВ на Борјан Јовановски, 24 Вести на фамилијата Заеви, Алсат, и повеќе други на една долга листа партиски портали и телевизии, привезоци и послушници на СДСМ.
Или земете го на пример известувањето за името.
Додека грчките медиуми и политичари со гордост соопштуваат дека ќе нè добијат за името Македонија, за идентитетот, уставот итн, дека успеале да нè натераат да го смениме името на автопатот и аеродромот и слични историски успеси и успеси во доаѓање, медиумската ергела на СДСМ диригирана од Роберт Поповски, три дена ни го продаваше успехот во доаѓање надолго и широко објаснет од Никола Димитров во парламентот на нарачано пратеничко прашање, дека ние ќе ја добиеме ,,маркова нога“.
Поконкретно, дека нашата шармерска дипломатија е пред колосален успех да издејствува да се реотвори граничниот премин наречен „маркова нога“ еднострано затворен од Грција во 1967, а по кој можеле да поминат само пешаци и велосипедисти. И дека ова ќе има големо значење бидејки жителите на Долно Дупени ќе можат полесно да го посетат најблиското село во Грција кое од Долно Дупени е одалечено 6 километри.
Значи ние нив името, уставот и идентитетот, а тие нам „маркова нога“. И сето ова така сериозно и диригирано поминува во сите овие гореспоменати пропагандисти, што кога човек ќе помисли како до вчера го критикуваа ВМРО ДПМНЕ и медиумите кои ги подржуваа политиките на ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт, неизбежна е помислата дека овие луѓе се помали и од она што претходно се мислело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.