Во организација на Спортското радио 90.3 фм, од утре до недела ќе се одржува јубилејниот 25-ти „Турнирот во мал фудбал на медиумите 2017“.
По тој повод денеска беше одржана прес-конференција на која организаторот ги објави распоредот на натпреварите, како и детали од ревијалниот дел, кој е неизоставен декор на оваа манифестација, а на кој и годинава ќе има многу личности од јавниот живот кои ќе се натпреваруваат.
Токму затоа годинашното мото на овој турнир е „Квалитетен училишен спорт за здрава младина“, со што покрај натпреварите за медиумите, дел од турнирот ќе бидат училишни и младински екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија. Во ревијалниот дел на турнирот, покрај мечот меѓу екипата составена од припадничките на македонската музичка естрада против новинарките, интересен ќе биде и дуелот на спортски легенди од Скопје и Битола.
Инаку, 12-те екипите ќе бидат поделени во четири групи, од кои пласман во следната фаза нема да обезбеди само последно пласираниот тим.
Во А група ќе играат: Спортско радио 90.3 ФМ, Канал 5 телевизија и Сити Радио. Конкуренцијата во Б групата ја сочинуваат: ТВ Сител, РТВ Велес и ТВ Нова.
МРТВ, заедно со Сител 3 и ТВ 24 ќе се натпреваруваат во Ц групата, додека во последната Д група ќе играат Македонската Информативна Агенција (МИА) , Алсат М и ТВ 21.
Првите натпревари стартуваат утре (среда 20.12.2017) во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, а влезот во салата оваа година ќе биде бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“