| четврток, 6 декември 2018 |

Магијата на трансфер-мајсторот Мамињо: Во едно лето 60 милиони евра и Лига на шампиони

mamic

За првиот човек на Динамо Загреб многумина ќе кажат разни негативни работи, дека ги форсира неговите играчи во репрезентацијата и во тимот, но, сепак, никој не може да му оспори дека е вистински мајстор за трансфери.

За разлика од многу клубови на Балканот, Динамо З. успева редовно да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите, а речиси нема трансфер- период клубот да не заработи голема сума од продажбата на некој од своите таленти.

Ова лето на „Максимир“ тријат раце за новите 16 милиони евра кои ќе им легнат на сметка како премија за годинешното учество во најелитното европско фудбалско натпреварување. Динамо синоќа го елиминираше австриски Салзбург, а Мамиќ, или како што знаат да го напишат хрватските медиуми Мамињо, може да се пофали и со дебела заработка од трансферите.

99

Тој четири играчи на Динамо З. овој трансфер-период ги продаде за 43,5 милиони евра.

Пјаца премина во Јувентус за 23 милилони, Рог во Наполи за 13,5 милиони, Брекало во Волсбург за 6 милиони и Таравела во Гент за еден милион евра.

Како јаготка на шлагот доаѓаат и споменатите 16 милиони за пласманот во Лигата на шампионите, кои, се разбира, со добар настап би можеле да станат и повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top