Припадниците на државната полициска агенција за истрага и заштита го уапсија хрватскиот фудбалски бос, Здравко Мамиќ во Босна и Херцеговина. Хрватските власти по него распишаа меѓународна потерница откако тој ја напушти земјата по изречена казна затвор од 6,5 години.
Според процедурата, Судот во БиХ ќе провери дали Мамиќ поседува и босанско државјасносто, па тој ќе се изнасни дали е против екстрадиција во Хрватска. Тој неколку пати изјави дека нема намера да лежи во хрватски затвор.
Мамиќ има двојно државјаноство и според законите во БиХ, властите на таа земја не ги екстрадираат своите државјани.
Мамиќ минатата недела беше осуден на 6 и пол години затвор бидејќи со матни зделки особено при трансферите на Модриќ и Ловрен го оштетил Динамо Загреб и буџетот на Хртватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.