| четврток, 6 декември 2018 |

Закани за физичка пресметка и бркање од СДСМ вечерва во Битола

Активисти на најголемата опозициска партија преку социјалните мрежи информираат дека во Битола вечерва се случил инцидент на состанок во локалниот разгранок на СДСМ.

Откако Игор Ивановски и неговите блиски соработници Менде Диневски и Весна Бендевска се заканувале  со физички пресметки и со бркање од СДСМ доколку не влезат во ЦО, дел од присутните се побуниле и дошло до жолчна расправа на раб на тепачка.

Според активистите, состанокот на кој требало да се предложат кандидати за членство во Централниот одбор на партијата сѐ уште е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top