Активисти на најголемата опозициска партија преку социјалните мрежи информираат дека во Битола вечерва се случил инцидент на состанок во локалниот разгранок на СДСМ.
Откако Игор Ивановски и неговите блиски соработници Менде Диневски и Весна Бендевска се заканувале со физички пресметки и со бркање од СДСМ доколку не влезат во ЦО, дел од присутните се побуниле и дошло до жолчна расправа на раб на тепачка.
Според активистите, состанокот на кој требало да се предложат кандидати за членство во Централниот одбор на партијата сѐ уште е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.