Најбрзиот атлетичар на светот Усеин Болт ќе остане во врска со девојката Кејси Бенет, иако изгледа дека познатиот спринтер неколку пати ја изневерил, тврди сестрата на олимпискиот шампион Кристина Болт Хајлтон.
Претходните денови светските медиуми објавија дека Болт за неколку дена повеќепати ја изневерил атрактивната Кејси. Тој имал авантура со Џејди Дуарте, а потоа е фотографиран како игра со друга девојка. Подоцна се бакнувал со уште една. Сето ова се случило минатиот викенд во Рио Де Жанеиро, каде Болт го прославил 30 роденден.
Болт после тоа во еден лондонски ноќен клуб се забавувал со шест атрактивни девојки. Цела ноќ пиеле шампањ, а во шест изутрина го напуштил клубот и ги одвел во својата хотелска соба.
И покрај се, сестрата на Болт тврди дека Болт останува со својата девојка и дека ќе ја побара за жена.
-Сигурна сум дека е вознемирена од овие фотографии, но таа ќе се навикне на тоа. Веќе навикнала да гледа такви фотографии. Луѓето од Болт постојано бараат да се фотографира со нив и тој секогаш се согласува. Кејси навикнала Усеин да биде во фокусот на јавоста – тврди Кристина.
Таа истакнува дека Болт не ја изневерил својата девојка.
-Мислам дека немало ништо меѓу нив. Тој премногу ја сака Кејси, за да ја загрози врската со неа.Ги гледам тие фотографии и ми изгледаат дека ништо не се случило – рекла сестрата на Болт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.