| четврток, 6 декември 2018 |

Остварено уште едно ветување: Заврши комплетната промена на лифтовите во студентските домови

spiro-ristovski-1-640x462

Заврши комплетната промена на лифтовите во сите студентски домови во Скопје. Студентските домови „ Питу Гули“, „Гоце Делчев“, „Пелагонија“ и студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид ќе ги дочекаат студентите во новата академска година со нови лифтови.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека станува збор за капитална инвестиција и остварување на едно ветување кое се однесува на комплетна промена на старите лифтови.

Ристовски вели студентите повеќе нема да имаат проблеми со лифтовите како што беше и ќе се овозможи подобра фреквенција на студентите низ студентските домови.

lift-studentski-640x451

Низата забелешки од студентите за нефункционирање на лифтовите во одредени периоди  и проблем при нивно користење се веќе минато.

– МОН за оваа намена одвои 15 милиони денари, комплетно се заврши промената и истовремено е добиена потребна дозвола , односно технички прием на овие лифтови со што тие веќе се комплетно функционални, рече Ристовски.

lift-studentski2

Заменик министерот изрази благодарност до менаџментот на студентските домови за нивната ангажираност за време на поплавите при што студентските домови „ Сениќ“ и училишниот дом „Партенја Зогравски“ примија лица кои беа зафатени за време на поплавите .

– Очекувам во наредните денови по комплетната стабилизација на состојбата со поплавените региони овие студентски легла да бидат повторно ставени во функција за потребите на студентите, рече Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top