| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ филозофот – Кој нема доволно победи, се фокусира на поразите

Новак Ѓоковиќ прерано испадна од турнирот во Мадрид, а вели дека не жали за поразот од Григор Димитров со филозофска мисла која ја напиша на Фејсбук профилот.

„Еден мудар пријател ми рече: Кој нема доволно победи, се фокусира на поразите„, напиша Ѓоковиќ.

Веројатно тоа е одговор на многубројните критики на негова сметка. Поразите кај него се реткост и веројатно затоа се крена голем прав, по елиминацијата во „Каха Маџика“ во Мадрид. Новак вели дека тоа е минато и најави ескпресно заминување за Рим, каде ќе игра на следниот АТП турнир.

– Би сакал да имав повеќе време да прошетам низ Мадрид, но имам обврски и сакам добро да се подготвам за турнирот во Рим- рече Ѓоковиќ.

Тој нема баш пријатни спомени од Мадрид, особено од ова издание на Мастерс турнирот. Односот на публиката кон српскиот тенисер, најблаго кажано беше непристоен, постојано навиваа против него, а и Ѓоковиќ возврати на непримерен начин, со пцости. Во финишот од вториот сет против Димитров, што Србинот го доби со 7-6, тој на мајчин јазик ја пцуеше публиката. Подоцна го загуби мечот и го заврши настапот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top