Откако протекоа фотографии на кои е во кревет со 20 годишна Бразилка, медимумите сега објавија нови снимки на кои Усеин Болт е фатен во страсен бакнеж со друга жена, но открија и дека жената со која ја мина моќта е вдовица на нарко бос.
Олимпиецот од Јамајка, кој дома го чека долгогодишната девојка, вечерта пред затварање на Олимписките игри ја поминал многу бурно. Славел во еден бар во Рио де Жанеиро, каде вечерта потрошил околу илјада долари.
Повод за славење бил неговиот 30 роденден, како и успехот на Олимписките игри. На новите фотографии се гледа како бакнува непозната бринета во ВИП делот на клубот.
Претходно на социјалните мрежи е објавено и видео во кое Болт тверкува со друга девојка, како и фотографија на која позира со Бразилката Џејди Дуарте, со која наводно ја поминал ноќта. Медиумите пишуваат дека таа е вдовица на еден од најопасните нарко босови во Рио.
Дека ја поминала ноќта со Болт откриено е кога фотографијата со него во кревет ја споделила на Ватсап.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.