Двегодишно момче чие исчезнување е пријавено во Зворник, БиХ, е убиено и закопано, а за убиството го признале неговите невенчани родители.
Полицијата ја примила пријавата за исчезнување на детето поднесена од неговиот 38 годишен татко на 18 август, детето исчезнало ноќта меѓу 16 и 17 август, по што е пронајдено телото на 20- месечното момченце.
Полицијата по сомневање дека извршиле грозоморно убиство ги уапсила невенчаните сопружници. Според пријавата на таткото, детето заедно со 34 годишната мајка, „се оддалечиле од куќата“. Оперативните теренски активности и укажале на полицијата дека родителите веројатно го убиле детето, соопштуваат од полицијата во Бјелина.
При истрагата двајцата го признале делото
-Тие го опишуваа и начинот на кој го извршиле ова страшно дело- пренесуваат босанските медиуми извори од истрагата, од каде се додава дека потоа полицијата била одведена до тајното место каде е закопано детето.
Случајот за 38 годишниот татко и 34 годишната мајка на убиеното дете осомничените за тешко убиство е предаден на обвинителството во Бјелина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тригодишниот Денис замина кај ангелите за да може неговата распуштена мајка да дојде во Македонија
-
Чедоморката бара куќен притвор: Морам да ослабам и да се грижам за постарата ќерка
-
Нов случај на чедоморство, татко им ги разбил главите на двајцата синови
-
Чедоморство: Го задавила бидејќи ја видел в кревет со дедо му