| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасно чедоморство во Зворник

 

Двегодишно момче чие исчезнување е пријавено во Зворник, БиХ, е убиено и закопано, а за убиството го признале неговите невенчани родители.

Полицијата ја примила пријавата за исчезнување на детето поднесена од неговиот 38 годишен татко на 18 август, детето исчезнало ноќта меѓу 16 и 17 август, по што е пронајдено телото на 20- месечното момченце.

Полицијата по сомневање дека извршиле грозоморно убиство ги уапсила невенчаните сопружници. Според пријавата на таткото, детето заедно со 34 годишната мајка, „се оддалечиле од куќата“. Оперативните теренски активности и укажале на полицијата дека родителите веројатно го убиле детето, соопштуваат од полицијата во Бјелина.

При истрагата двајцата го признале делото

-Тие го опишуваа и начинот на кој го извршиле ова страшно дело- пренесуваат босанските медиуми извори од истрагата, од каде се додава дека потоа полицијата била одведена до тајното место каде е закопано детето.

Случајот за 38 годишниот татко и  34 годишната мајка на убиеното дете осомничените за тешко убиство е предаден на обвинителството  во Бјелина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top