| четврток, 6 декември 2018 |

Нов случај на чедоморство, татко им ги разбил главите на двајцата синови

Телата на двете момчиња биле пронајдени од нивната мајка, која во текот на викендот дошла да ги земе од кај татко им. Триесет и осумгодишниот Серџо О. им ги разбил главите.

2,w=993,q=high,c=0.bild

Чедоморството се случило во германскиот град Вајхинген, од каде 34-годишната Јулија Л. се иселила минатата есен. Со себе ги зела и синовите Леонардо (4) и Мигел (5).

Соседите велат дека двојката често се расправала. Јулија, наводно, сакала да се венчаат, а Серџо одбивал. По разделбата, децата поминувале викенд со татко им. Јулија се уште ги имала клучевите од куќата. Се договориле децата да ги собере вечерта околу 21.40 часот. Кога ја отворила вратата ги пронашла нивните тела.

2,w=649,q=high,c=0.bild

– Жената истрча на улица и почна да вика, потоа заедно влеговме во куќата. Децата лежеа во дневната соба – раскажува сосед за германски „Билд“.

Серџо бил во куќата, пореден. Најверојатно, се обидел да се самоубие, пишува весникот.

Тој е во болница и е надвор од животна опасност, но засега молчи и не кажал ништо за тоа што се случило кобната ноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top