| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕиас во четврток во Скопје

popovski kosias

Европската перспектива на Македонија ќе биде главна тема во разговорите на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас кој во четврток ќе ја посети нашата земја.

Шефот на грчката дипломатија во Скопје ќе се сретне со македонски дипломати, пред кои ќе има обраќање, а дипломатите потоа ќе можат да поставуваат прашања.

Дипломатски извори информираат дека е закажана и билатерална средба меѓу Коѕиас и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Грчкиот министер за надворешни работи, првпат ја посети Македонија мината година во јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top