| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно предистражните и истражните постапки се тајни

Бранко Ушковски

Бранко Ушковски

Пред повеќе месеци, опозиционите медиуми поткрепени со нивните експерти не нападнаа сите кои јавно проговоривме дека  со дадените изјави СЈО ја нарушува пресумцијата на невиност, а во нивното медиумско извесување со манипулаци го навредуваа нашиот интегритет, меѓу другите и мојот интегритет. А тоа го манипулираа само затоа што не им се допадала една моја изјава, која ја дадов добронамеро за СЈО, дека на прес конференции или на било кој начин е спротивно на уставот и законите да се повредува пресумцијата  на невиност.

Изјавата како тогашен претседател на Судски совет беше дадена на многубројните новинарски прашања по повод на нивната прва прес конференција на која настапија со спектакуларни изјави и давајќи опис на наводните дела како и детали поврзани со лицата и со постапките и притоа посочувајќи ги и функциите на лицата, па со тоа постапија противуставно и противзаконски.

А воедно изведувајќи го тоа на театрален и на митингашки начин со кое очигледна беше намерата за водење на пропаганда за некој центар, па затоа и апелирав до СЈО (како странка во постапката) секогаш и по секој повод да се придржуваат на пресумцијата на невиност.

Во оваа прилика истакнувам и се надевам дека сето тоа е добронамерно и сватено, па затоа со задоволство ја прочитав една од нивните последни писмени изјави, во која конечно се потенцираше дека „предистражните и истражните постапки кои ги води ова обвинителство се тајни и поради тоа нема да бидат откривани детали поврзани со лицата и со постапките“.

А на сето тоа сега останува  уште истото и тоа строго легалистички без никаква селективност и во пракса да се спроведува законот.

Исто така, сѐ со цел да не ја девалвираат сопственатата институција со наредните активности да не се стартува како да е изборна кампања на некој центар и со тоа да не се прави преседан каков што нема таква воспоставена пракса никаде во светот. Затоа што обвинителството не смее својата работа од надлежноста да ја организира според случувањата во политиката и пристрасност во однесувањето, односно да не бидат искористени како алатка или инструмент за политички маркетинг.

Во врска со зачестените изјави да се најде начин, Собранието да им го продолжи рокот на СЈО за завршување на истражните постапки и покренување на обвиненија затоа што предвидените 18 месеци за завршување на истите не се доволни, како излезно решение најцелисходно е двете избрани специјални обвинителки  кои уште на почеток на работата во СЈО без спроведена постапка и без да се донесе решение, беа отстранети од работните места затоа што сегашниот број на специјални обвинители (кој според нивната тогашна проценка бил доволен), е сега во колку е тоа најнеопходно за завршување на постапките и покренување обвиненија во предвидениот рок, потребно е истите и на ист начин да бидат вратени во СЈО.

Бранко Ушковски,

Поранешен претседател на Судски совет

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top