Јапонската полиција покрена истрага против жена која е осомничена дека ги убила своите четири деца, вклучувајќи и тригодишно девојче, јавија локалните медиуми. Жената (41) наводно ги убила децата, а потоа се обидела да се самоубие.
Полицијата во семејниот дом ги пронашла телата на 10-годишно дете, две девојчиња стари 6 години и тригодишно девојче, соопшштија надлежните од јужната јапонска покраина Фукуока.
– Таткото ги пронашол телата на децата и повикал полиција, велат извори од полицијата.
Полицијата ја сослушува мајката во својство на осомничена за можен обид за убиство и самоубиство, наведоа некои медиуми, а според други, таа веќе го признала убиството на четирите деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка