| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор: Мајка си ги искасапила четирите деца, таткото ги пронашол

policinja-japan

Јапонската полиција покрена истрага против жена која е осомничена дека ги убила своите четири деца, вклучувајќи и тригодишно девојче, јавија локалните медиуми. Жената (41) наводно ги убила децата, а потоа се обидела да се самоубие.

Полицијата во семејниот дом ги пронашла телата на 10-годишно дете, две девојчиња стари 6 години и тригодишно девојче, соопшштија надлежните од јужната јапонска покраина Фукуока.

– Таткото ги пронашол телата на децата и повикал полиција, велат извори од полицијата.

Полицијата ја сослушува мајката во својство на осомничена за можен обид за убиство и самоубиство, наведоа некои медиуми, а според други, таа веќе го признала убиството на четирите деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top