Само 27 отсто граѓани се задоволни од работата на косовската Влада, се вели во анкета на Програмата на ОН за развој, Косово Проектен тим Плус на јавноста.
Плус на јавноста покажува дека само 30 отсто граѓани се задоволни од работата на премиерот, а видлив е голем пад во задоволството од работата на судовите и обвинителството кои имаат доверба од 16,7 и 17,7 отсто граѓани.
Рекордни 74,2 отсто испитаници на Косово се незадоволни од економскиот развој додека 66 отсто се незадоволни од политичкиот правец во кој се движи Косово.
Висок размер на корупција според анкетираните има во Царината на Косово додека перцепцијата за корупција во косовските општини е зголемена на 39 отсто (во однос на април 2012 година – 30 отсто). Невработеноста е понатаму е најголем приоритет тврдат 55 отсто анкетирани. Целокупниот индекс на демократизација на Косово е најнизок досега – само 0,87.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово