Најмалку пет лица загинаа, а осум се повредени кога покрив од куќа се урна врз насобраните госи на свадба во градот Лахор на североистокот на Пакистан, јавија локалните медиуми. Телевизијата „Гео“ јави дека при уривање на кровот загинале и две деца.
Повредените лица се префрлени во болница откако спасувачките служби ги извлекоа од урнатините. Инцидентот се случи во главниот град на провинциајта Панџаб и е едно од најгусто населените подрачја во Пакистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.