| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски со референдум ќе одлучува дали ќе се дислоцираат спомениците

Андреј Жерновски, градоначалникот на скопската општина Центар изјави дека преку референдум граѓаните ќе го дадат конечниот збор за спомениците кои се поставени во центарот на градот. Тој немал сам да одлучува за ова прашање.

spomenici-skopje

– За иднината на спомениците од прокетот ‘Скопје 2014’ ќе одлучат граѓаните. За мене во моментов најсериозна опција е да се распише референдум за тоа дали некои и кои споменци граѓаните сметаат дека треба да бидат дислоцирани. Ќе треба да се видат опцииите за распишување на референдум. Ако граѓаните на Центар се одлучат дека споменици треба да се дислоцираат јас тоа со задоволство ќе го направам – изјави Жерновски.

Тој најави дека наскоро ќе почне и целосната ревизија на проектот “Скопје 2014”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top