| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругот ја изневерил кратко по свадбата, а невестата со својот оглас стана хит на интернет

nevesta

Саманта (28) од Велика Британија стана хит на интернет откако на страницата за аукциски продажби објави дека ја продава својата венчаница за да може да ги покрие трошоците од разводот со сопругот кој ја изневерил.

– Пред облекувањето ќе треба да го однесете фустанот на хемиско чистење за да се ослободите од миризбата на неверството. Доколку сакате фустан кој има многу лоши спомени, скршена надеж и планови, тогаш таа е совршена за вас. Не стигнав да ја исчистам бидејќи мојот маж многу брзо стави точка на нашиот брак, напишала таа во описот на огласот.

– Ја продавам својата дизајнирана венчаница со бела боја. Парите сакам да ги искористам за да го платам разводот од мојот поранешен сопруг, кој ми остави да ги решам сметките. Фустанот нема прерамки, има долг шлеп кој може да се подигне. Фустанот е конфекциски број 36, но го прилагодив за да му одговара на некој кој е висок 150 сантиметри. Се извинувам што имам само две фотографии од венчавката, но кога дознав дека сопругот ме изневерува, запалив и фрлив се што ме потсетува на неговото одвратно лице, додала таа.

Инаку, фустанот чинел 2.000 фунти кога таа го купила, а после објавата, неговата цена пораснала за 33 пати, односно на 66.000 фунти.

vencanica

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top