| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбаш-самоубиец се разнесе на свадба во Турција – Над 50 мртви, околу 100 лица се повредени (Вознемирувачко видео)

Бомбаш самоубиец се разнесе на свадба во градот Газиантеп во југоисточна Турција, во близина на границата со Сирија. Најмалку 50 луѓе загинале, а скоро сто се повредени, јави новинската агенција “Фокус”, Повикувајќи се на AFP. Како што јави Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори, турските власти привремено забраниле известување за овој напад.

napad 3

Гувернерот на Газиантеп потврдил дека се работи за терористичка напад кој бил изведен во центарот на градот. На социјалните мрежи се појавија информации дека бројот на мртви кои настрадале во експлозијата е 50.

napad2

Нападот се случил во 23 часот, кога гласна експлозија одекнала во свадбена сала во населбата Акдере. Првиот човек на тускиот Црвен Крст, Керим Киник нагласил дека има премногу ранети и апелирал граѓаните на Газиантеп итно да даруваат крв. Сеуште никој нема преземано одговорност за овој напад.

turcija napad svadba

Во соопштението од канцеларијата на Ердоган по кое беше објавено по овој напад се наведува дека „нема разлика“ меѓу групата со седиште во САД, која ја предводи проповедникот Фатула Ѓулен, кого го обвинува за неуспешниот пуч од 15 јули, забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и таканарачената Исламска држава.

– Нашата земја и нашиот народ имаат уште една порака за Вас: Нема да успеете, им порача Ердоган на овие исламистички групи, пренесуваат француските медиуми.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top