Бомбаш самоубиец се разнесе на свадба во градот Газиантеп во југоисточна Турција, во близина на границата со Сирија. Најмалку 50 луѓе загинале, а скоро сто се повредени, јави новинската агенција “Фокус”, Повикувајќи се на AFP. Како што јави Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори, турските власти привремено забраниле известување за овој напад.
Гувернерот на Газиантеп потврдил дека се работи за терористичка напад кој бил изведен во центарот на градот. На социјалните мрежи се појавија информации дека бројот на мртви кои настрадале во експлозијата е 50.
Нападот се случил во 23 часот, кога гласна експлозија одекнала во свадбена сала во населбата Акдере. Првиот човек на тускиот Црвен Крст, Керим Киник нагласил дека има премногу ранети и апелирал граѓаните на Газиантеп итно да даруваат крв. Сеуште никој нема преземано одговорност за овој напад.
Во соопштението од канцеларијата на Ердоган по кое беше објавено по овој напад се наведува дека „нема разлика“ меѓу групата со седиште во САД, која ја предводи проповедникот Фатула Ѓулен, кого го обвинува за неуспешниот пуч од 15 јули, забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и таканарачената Исламска држава.
– Нашата земја и нашиот народ имаат уште една порака за Вас: Нема да успеете, им порача Ердоган на овие исламистички групи, пренесуваат француските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)