Франција слевеше со 29-28 во првото полуфинале на машкиот олимписки турнир. Германија дури во 50та минута успеа да се врати во натпреварот. Упорноста на Германците уште еднаш се покажа на дело кога во завршната минута Германците конечно дојдоа до изедначување, но Нарцис стави точка на натпреварот во која.
На полувреме Франција замина со три гола предност 16-13.
Французите по само шест минути игра во вториот дел ја дуплираа предноста со резултат 20-14. На почетокот на 50та минута Германците се доближија на 26-24, по што следеше намалување на разликата на само еден погодок 27-26.
Во 58та минута дојде до израмнување 28-28. Франција го имаше последниот напад во натпреварот кој Нарцис го реализираше со што ја однесе својата репрезентација во големото финале.
Франција во финалето на олимпискиот турнир, го чека победникот од вечерашниот натпревар помеѓу Полска – Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.