| четврток, 6 декември 2018 |

Томи Стефановски е првиот Македонец во „Куќата на славните“

Од ед­на стра­на сум мно­гу сре­ќен, а од дру­га стра­на сум та­жен. Ка­ко што по­сто­јат ва­кви ин­сти­ту­ции во дру­ги спор­то­ви, та­ка и во ма­ра­тон­ско­то пли­ва­ње има „Ку­ќа на слав­ни­те“. Спо­ред мо­ја­та ин­фор­ма­ци­ја, ни­ту еден Ма­ке­до­нец до­се­га не ус­пе­ал со ре­зул­та­ти­те што ги осво­ил да вле­зе во „Ку­ќа­та на слав­ни­те“ во ни­ту еден спорт. Тоа е осо­бе­на чест за ме­не, за мо­е­то се­мејс­тво, за оста­на­ти­те ма­ра­тон­ци од Ма­ке­до­ни­ја, за на­ша­та зем­ја, ве­ли Сте­фа­нов­ски за „Ре­пуб­ли­ка“

Нај­до­бри­от ма­ке­дон­ски ма­ра­тон­ски пли­вач во по­но­ва­та исто­ри­ја на на­ша­та зем­ја, ве­те­ра­нот То­ми Сте­фа­нов­ски нај­а­ви крај на ка­ри­е­ра­та по за­вр­шу­ва­ње на оваа се­зо­на во свет­ско ма­ра­тон­ско пли­ва­ње. Истак­на­ти­от и свет­ски поз­нат Сте­фа­нов­ски, кој мно­гу­па­ти ја изра­ду­вал ма­ке­дон­ска­та спорт­ска јав­ност на не­кое свет­ско нат­пре­ва­ру­ва­ње, го че­ка­ат уште две тр­ки во ка­ри­е­ра­та за, ко­неч­но, на 45-го­диш­на во­зраст да се про­сти од пли­ва­ње­то. По­ве­ќе од 35 го­ди­ни актив­ни тре­нин­зи со не­кол­ку па­у­зи во ка­ри­е­ра­та нај­че­сто по­ра­ди по­вре­ди, То­ми на 4 но­ем­ври ќе би­де при­мен во „Ку­ќа­та на слав­ни­те во ме­ѓу­на­род­но ма­ра­тон­ско пли­ва­ње“. На све­че­но­то прог­ла­су­ва­ње во Лос Ан­џе­лес тој ќе вле­зе ка­ко пр­ви­от и единс­твен Ма­ке­до­нец до­се­га.

 

На 45-го­диш­на во­зраст сѐ уште си акти­вен во ма­ра­тон­ско­то пли­ва­ње. До ко­га ќе трае дол­га­та и бо­га­та ка­ри­е­ра?

Сте­фа­нов­ски: Ни­ко­гаш прет­ход­но не­мав нај­а­ве­но пов­ле­ку­ва­ње од актив­но­то пли­ва­ње. Си­те па­у­зи што сум ги имал на свет­ски­те нат­пре­ва­ру­ва­ња би­ле по­ра­ди се­ри­оз­ни по­вре­ди кои за­вр­шу­ва­ле со опе­ра­ции или по­ра­ди не­до­стиг од фи­нан­си­ски средс­тва. Оваа се­зо­на сам си ре­ков де­ка е до­ста. На мо­мен­ти, по го­ле­ми­те ми­тин­зи и пли­вач­ки ма­ра­то­ни, не си го чув­ству­вам те­ло­то. Не е ка­ко пред два­е­се­ти­на го­ди­ни ко­га по не­кој исп­ли­ван ма­ра­тон мо­жев вед­наш да се нат­пре­ва­ру­вам на друг. Се­га ми е по­треб­на по­ве­ќе­не­дел­на ре­ха­би­ли­та­ци­ја. До кра­јот на оваа се­зо­на во свет­ско ма­ра­тон­ско пли­ва­ње оста­ну­ва­ат уште две тр­ки. Ед­на­та е на до­ма­шен те­рен во Охрид, а вто­ра­та, ко­га и се за­тва­ра се­зо­на­та, е на ле­ген­дар­ни­от ма­ра­тон од Ка­при до Не­а­пол. По ма­ра­то­нот во Ита­ли­ја, де­фи­ни­тив­но, ќе ста­вам крај на ка­ри­е­ра­та.

 

Во ма­ра­тон­ско­то пли­ва­ње, гле­дај­ќи ги тво­и­те ре­зул­та­ти во пос­лед­ни­те пет-шест го­ди­ни, се чи­ни, де­ка во­зра­ста не е во­оп­што проб­лем. За пос­ле­ден пат ќе на­ста­пиш на Охрид­ски­от ма­ра­тон. Ка­кво е чув­ство­то?

Сте­фа­нов­ски: Тоа и го ка­жав прет­ход­но. Ко­га се под­го­тву­вам за еден ма­ра­тон, тоа не прет­ста­ву­ва ни­ка­ков проб­лем. Во ка­ри­е­ра­та имав сре­ќа да се под­го­тву­вам и да тре­ни­рам со врв­ни пли­ва­чи од са­ми­от врв. Од нив на­у­чив ка­ко да ги ште­дам те­ло­то и це­ла­та енер­ги­ја. Се­пак, ве­ќе имам 45 го­ди­ни и мно­гу вре­ме ми е по­треб­но за ре­ха­би­ли­та­ци­ја по исп­ли­ван ма­ра­тон. Без раз­ли­ка на за­мо­рот што го чув­ству­вам по учес­тво­то на два­та ма­ра­то­на во Ка­на­да, ка­де што се иска­чив и на по­ди­у­мот осво­ју­вај­ќи го тре­то­то ме­сто, чув­ство­то на до­ма­шен те­рен со учес­тво на пли­вач­ки­от ма­ра­тон во Охрид е на­ви­сти­на по­себ­но. Ова ќе ми би­де 17. на­стап во Охрид, се­ка­ко ќе би­де прос­ле­ден со мно­гу емо­ции. Се­ри­оз­на­та по­вре­да што ме од­да­ле­чи по­ве­ќе го­ди­ни од актив­но­то пли­ва­ње, ме спре­чи да дој­дам до ју­би­леј­ни­от, 20. на­стап. Се­пак, ќе се оби­дам да ужи­вам во во­ди­те на ма­ке­дон­ски­от би­сер и ќе се по­тру­дам, ако не се по­бе­да, ба­рем со од­лич­но пли­ва­ње да стиг­нам и до по­ди­у­мот.

tomi-stefanovski-sport207-3

По од­лич­ни­те на­ста­пи во ка­ри­е­ра­та, не­кол­ку­те пр­ви ме­ста на ма­ра­то­ни­те низ све­тот, вто­ро­то ме­сто во ге­не­рал­ни­от плас­ман во све­тот и мно­гу­број­ни­те по­ди­у­ми, се чи­ни ка­ко кру­на на ка­ри­е­ра­та е вле­гу­ва­ње­то во „Ку­ќа­та на слав­ни­те во ме­ѓу­на­род­но ма­ра­тон­ско пли­ва­ње“.

Сте­фа­нов­ски: Емо­ци­и­те се по­де­ле­ни, да би­дам искрен. Од ед­на стра­на, сум мно­гу сре­ќен, а од дру­га стра­на сум та­жен. Ка­ко што по­сто­јат ва­кви ин­сти­ту­ции во дру­ги спор­то­ви, та­ка и во ма­ра­тон­ско­то пли­ва­ње има „Ку­ќа на слав­ни­те“. Спо­ред мо­ја­та ин­фор­ма­ци­ја, ни­ту еден Ма­ке­до­нец до­се­га не ус­пе­ал со ре­зул­та­ти­те што ги осво­ил да вле­зе во „Ку­ќа­та на слав­ни­те“ во ни­ту еден спорт. Тоа е осо­бе­на чест за ме­не, за мо­е­то се­мејс­тво, за оста­на­ти­те ма­ра­тон­ци од Ма­ке­до­ни­ја, за на­ша­та зем­ја. По ре­зул­та­ти­те што ги на­пра­вив, осо­бе­но на за­ле­зот на ка­ри­е­ра­та, со вто­ро ме­сто во ге­не­рал­ни­от плас­ман ко­га за влак­но ми из­бе­га и пи­е­де­ста­лот, со мно­гу­те пр­ви ме­ста на ма­ра­то­ни­те во Ка­на­да, Ар­ген­ти­на, Ме­кси­ко, не­кој се се­тил на ме­не и од­лу­чил да вле­зам во оваа ре­но­ми­ра­на ин­сти­ту­ци­ја ко­ја ги сле­ди ма­ра­тон­ци­те од це­ли­от свет. Не­кој од­лу­чил де­ка ток­му јас ќе би­дам тој што ќе вле­зе оваа го­ди­на во „Ку­ќа­та на слав­ни­те“. Се­то тоа е во ред и е на­ви­сти­на уба­во, но, од дру­га стра­на, мо­рам да ка­жам де­ка јас це­ла­та мо­ја ка­ри­е­ра ја фи­нан­си­рам сам. За­ра­бо­те­ни­те фи­нан­си­ски средс­тва од учес­тво на ма­ра­то­ни­те низ све­тот ги пре­на­со­чу­вав во под­го­то­вки за сле­ден ма­ра­тон, за след­но нат­пре­ва­ру­ва­ње. Во­оп­што не е сра­мо­та да ка­жам де­ка јас сѐ уште си пла­ќам кар­та за влез во ба­зен во Ма­ке­до­ни­ја за да мо­жам да тре­ни­рам. Си­те оние ма­ли фи­нан­сии што сум ги до­би­вал не би­ле до­вол­ни за учес­тво на еден го­лем на­стан, а во­оп­што не ста­ну­ва збор за по­кри­ва­ње на це­ла­та се­зо­на. Од средс­тва за пат, сме­сту­ва­ње, тре­нин­зи, ис­хра­на, опре­ма. За­тоа и прет­ход­но ка­жав, мал­ку ми е жал што ќе вле­зам во „Ку­ќа­та на слав­ни­те“ би­деј­ќи, гле­дај­ќи ги ус­ло­ви­те на оста­на­ти­те ма­ра­тон­ци од це­ли­от свет, ус­пе­си­те што сме ги на­пра­ви­ле ние се да­ле­ку по­го­ле­ми од ре­ал­на­та сли­ка што ја има на­ши­от на­род.

 

Во мо­мен­тов се акту­ел­ни Олим­пи­ски­те игри во Рио де Жа­не­и­ро. Ма­ке­до­ни­ја учес­тву­ва­ше со двај­ца пли­ва­чи. Ка­ко го оце­ну­ваш нив­ни­от на­стап и да­ли на­ша­та зем­ја мо­же да се на­де­ва на по­до­бри ре­зул­та­ти во ид­ни­на?

Сте­фа­нов­ски: Мар­ко Бла­жев­ски и Ана­ста­си­ја Бог­да­нов­ски се убед­ли­во нај­до­бри­те пли­ва­чи од на­ша­та зем­ја. Дол­ги го­ди­ни не сме има­ле та­кви пли­ва­чи. Та­лен­тот што го по­се­ду­ва­ат е не­ос­по­рен, но си­те ре­зул­та­ти што ги има­ат се по­ра­ди ма­ко­трп­ни­те тре­нин­зи и ра­бо­та, на кои се по­све­ти­ле. Зна­е­те ка­ко, на­ро­дот во на­ша­та зем­ја ни­ко­гаш не­ма да би­де за­до­во­лен ако не е осво­ен ме­дал. Мо­рам да на­пра­вам ма­ла спо­ред­ба иа­ко те­шко де­ка е воз­мож­на. За среќ­на на Мар­ко и на Ана­ста­си­ја, нив­ни­от та­лент и по­све­те­ност се за­бе­ле­жа­ни од врв­ни тре­не­ри во САД. Та­му глав­на­та на­ци­о­нал­на стра­те­ги­ја во си­те спор­то­ви се пра­ви на уни­вер­зи­те­ти­те. Не­кои од нив по­ве­ќе средс­тва вло­жу­ва­ат во ин­ди­ви­ду­ал­ни­те спор­то­ви не­кои во ко­ле­ктив­ни­те. Мар­ко Бла­жев­ски ја има­ше таа сре­ќа да би­де на уни­вер­зи­тет ка­де што пли­ва­ње­то е спорт број еден. Та­му има бес­пре­кор­ни ус­ло­ви да тре­ни­ра со врв­ни пли­ва­чи од це­ли­от свет, не­кои од нив се и олим­пи­ски шам­пи­о­ни и свет­ски ре­кор­де­ри. Мо­же мно­гу да на­пре­ду­ва и за­тоа мо­ра се­ри­оз­но да се сме­та на не­го и на след­ни­те Олим­пи­ски игри.

tomi-stefanovski-sport207-2

Пра­ви­ла­та што ги на­пра­ви­ле од Пли­вач­ка­та фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја, кои се до­ста­ве­ни до Ма­ке­дон­ски­от олим­пи­ски ко­ми­тет, не доз­во­лу­ва­ат учес­тво на две олим­пи­ја­ди без осво­е­на А-нор­ма.

Сте­фа­нов­ски: (се смее) Тие што ги пра­ве­ле пра­ви­ла­та, очиг­лед­но не се раз­би­ра­ат во пли­ва­ње. Ка­ко спо­ред­ба, во не­го­ва­та дис­цип­ли­на, 200 ме­три ме­ша­но, во фи­на­ле­то са­мо пр­ви­те пет нат­пре­ва­ру­ва­чи ос­тва­ри­ја вре­ме кое е со ква­ли­фи­ка­ци­ска А-нор­ма. Ако не­кој од Бла­жев­ски или од Бог­да­нов­ски оче­ку­ва тие во ид­ни­на да се осво­ју­ва­чи на ме­да­ли, то­гаш е во заб­лу­да. Пли­вач­ка­та фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја има бло­ки­ра­но фи­нан­си­ска сме­тка по­ве­ќе го­ди­ни. Не ми е јас­но ка­ко мо­же да оче­ку­ва ре­зул­та­ти од на­ши­те пли­ва­чи ко­га не­ма вло­же­но ни­ту еден де­нар. Пред два де­на из­ле­зе по­да­ток де­ка осво­е­ни­те ме­да­ли на бри­тан­ски­те пли­ва­чи во Рио ја чи­нат др­жа­ва­та точ­но 5,5 ми­ли­о­ни фун­ти по ме­дал. Тие осво­и­ја шест ме­да­ли, што зна­чи де­ка др­жа­ва­та за еден олим­пи­ски цик­лус вло­жи­ла во пли­ва­чи­те по­ве­ќе од 30 ми­ли­о­ни фун­ти, а, се­пак, пли­ва­чи­те спо­ред нив­на­та јав­ност по­тфр­ли­ја и осво­и­ја са­мо шест ме­да­ли. Ни­кој од пли­ва­чи­те во Ма­ке­до­ни­ја не мис­ли де­ка ток­му фе­де­ра­ци­ја­та или др­жа­ва­та тре­ба да од­вои тол­ка­ви средс­тва. Но, со на­пра­ве­на од­лич­на стра­те­ги­ја, фи­нан­си­ски план и кон­ти­ну­и­ра­на ра­бо­та и под­го­то­вки за еден или два олим­пи­ски цик­лу­са, кои тра­ат по че­ти­ри го­ди­ни, Ма­ке­до­ни­ја мо­же да се на­де­ва на плас­ман и во не­кое го­ле­мо фи­на­ле.

 

Мно­гу са­мо­у­ве­ре­но го ка­жу­ваш тоа де­ка Ма­ке­до­ни­ја мо­же да има фи­на­лист во пли­вач­ки­те дис­цип­ли­ни на Олим­пи­ски­те игри. Од ка­де тој оп­ти­ми­зам?

Сте­фа­нов­ски: Во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, на­ви­сти­на, се соз­да­доа ус­ло­ви за тре­нин­зи на пли­ва­чи­те. Се отво­ри­ја и мно­гу шко­ли за мла­ди ка­те­го­рии. На­ша­та зем­ја е рас­ад­ник на мла­ди та­лен­ти. Тие се­га ве­ќе има­ат ус­ло­ви за тре­нинг пре­ку це­ла­та го­ди­на. Ба­зе­нот во Кар­пош, кој е во склоп на СЦ „Бо­рис Трај­ков­ски“, ра­бо­ти 365 де­на во го­ди­на­та. Во на­ше вре­ме не­мав­ме ни­ту ба­зен за тре­нинг. Пред се­кое го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње одев­ме во Бу­га­ри­ја за да на­пра­ви­ме ка­кви та­кви под­го­то­вки кои тра­е­ја са­мо по пет­на­е­се­ти­на де­на. Се­га е дру­го вре­ме. По­ве­ќе од 300 та­лен­ти­ра­ни де­ца пли­ва­ат во Скоп­је и, се­ка­ко, и во дру­ги­те гра­до­ви. Со нив тре­ба да се поч­не од нај­ма­ла во­зраст да се ра­бо­ти се­ри­оз­но и ве­ќе ко­га и фи­зич­ки ќе се раз­ви­јат, по 14. го­ди­на, да вле­зат во нат­пре­ва­ру­вач­ки цик­лус со учес­тво на го­лем број нат­пре­ва­ру­ва­ња, ми­тин­зи, европ­ски и свет­ски пр­венс­тва. И от­та­му да се соз­да­дат но­ви ма­ке­дон­ски олим­пиј­ци кои уште ка­ко ма­ли ќе тре­ни­ра­ат во дис­цип­ли­ни­те кои најм­но­гу им ле­жат. Ова ва­жи и за ба­зен­ско­то пли­ва­ње и за ма­ра­тон­ско­то. Жал­но ќе би­де ако Ма­ке­до­ни­ја не­ма пли­ва­чи на след­ни­те Олим­пи­ски игри во То­кио.

Разговараше: Бо­јан Мо­ми­ров­ски
Фото: Дејан Станчевски
(Интервјуто со Томи Стефановски е објавено во 207. број на неделникот Република, 19.08.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top