Актуелниот олимписки шампион, Франција имаше тежок дуел во рамките од четврфиналето на Игрите во Рио.
„Триколорите“ се намачија со домаќинот Бразил иако резултатот не го покажува тоа. Избраниците на Клод Онеста победија со 34-27, но се до 40. минута натпреварот беше егал, а се играше на само една топка.
Триколорите“ одиграа онолку колку што беше потребно, ги чекаа своите пет минути, потоа лесно резултатски се одлепија и на крајот стигнаа до заслужен триумф.
Првото полувреме заврши со резултат 16-16, а Бразил добро парираше се до 36. минута, кога домаќините водеа со 21-20. Онеста се реши за промена, го внесе бекот Ди Панда на местото на Абало (Порт се префрли на крилната позиција) и тоа вроди со плод, пред се во одбраната. Франција во следните десет минути примија само еден гол, влегоа во серија и целосно се одлепија резултатски, за на крајот да слават со конечни седум гола разлика.
Гигу со осум погодоци беше најефикасен во редовите на „триколорите“, пред Нарцис со седум и Сораиндо со шест постигнати гола. Кај Бразил најпрецизни беа Дос Сантош и Поцер со по седум гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.