Минхенските градски власти најавија воведување забрана за носење ранци и поголеми торби, а ќе се зајакнува и оградата со цел зајакнување на безбедносните мерки за време на одржувањето на Октобер фест.
Заменикотградоначалник на Минхен Јозеф Шмид изјави денеска дека нема да биде дозволен влез на годишната прослава на пивото, за оние кои носат торба чија запремнина е поголема од три литри. Шмид додаде дека околу теренот, каде на 17 октомври ќе почне фестивалот, ќе биде поставена и ограда во обем од 350 метри. Зајакувањето на безбедносните мерки доаѓа по неодамнешните терористички напади во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.