| четврток, 6 декември 2018 |

Зајакнати безбедносните мерки на словенечко – хрватската граница

granica

Словенечката Влада спроведува зајакнати мерки, вклучително и ја обновува жицата на границата со Хрватска, поради стравување од зголемен бран на мигранти. Поради страв од зголемен број на мигранти, и ако Австрија го затвори граничниот премин со Италија, словенечката Влада спроведува интензивни активности за подготвена да ја дочека ситуацијата.

Се водат координативни состаноци од врвот на Владата, па се до оперативните служби, објави љубљанскиот весник „Дневник“. Неименуван извор тврди дека словенечката Владата од мај има план кој предвидува десетина можни сценарија, засновани на искуствата кога низ Словенија поминаа повеќе од половина милион бегалци. Исто така се подготвени повторно да се стават во функција бегалските центри во Добови, Шентиљ и Лендави, каде минатата година беа прифатени најголем број мигранти.

Последните недели во Словенија регистрирани се повеќе групи илегални мигранти од кои некои се вратени, а дел побараа азил. м

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top