| четврток, 6 декември 2018 |

На Октоберфест забранет влез со големи торби или ранци

182nd Oktoberfest starts

Минхенските градски власти најавија воведување забрана за носење ранци и поголеми торби, а ќе се зајакнува и оградата со цел зајакнување на безбедносните мерки за време на одржувањето на Октобер фест.

Заменикот­градоначалник на Минхен Јозеф Шмид изјави денеска дека нема да биде дозволен влез на годишната прослава на пивото, за оние кои носат торба чија запремнина е поголема од три литри. Шмид додаде дека околу теренот, каде на 17 октомври ќе почне фестивалот, ќе биде поставена и ограда во обем од 350 метри. Зајакувањето на безбедносните мерки доаѓа по неодамнешните терористички напади во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top