| четврток, 6 декември 2018 |

Засилени мерки за претседателските избори во Франција

Безбедносните ризици се надвија над првиот круг на претседателските избори, вклучувајќи ја и „џихадистичката закана“, оценета како „постојана и наметлива“, соопштија разузнавачките служби и Централната дирекција за јавна безбедност.

Околу 50.000 припадници на француските сили за безбедност ќе го обезбедуваат утрешното гласање на  69.245 гласачки места, каде се повикани да се појават  45,7 милиони гласачи во Франција и 1,3 милиони француски гласачи кои живеат во странство.

– Присуството на полицијата за време на отворањето на избирачките места е од суштинско значење, за што се предвидени посебни патроли за заштита на избирачките места – стои во соопштението што го објави весникот „Паризиен“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top