| четврток, 6 декември 2018 |

Почина бебе заборавено во автомобил

Бебе старо шест месеци починало од топлотен удар откако татко му го заборавил во автомобил цели 10 часа, пишуваат американските медиуми за случајот во Сан Антонио, Тексас.

Таткото на полицијата ѝ рекол дека заборавил да го однесе детето во градинка пред да замине на работа во локална продавница. Безживотното дете го пронашол дури по минати 10 часа во автомобилот.

НА детето му немало спас, а таткото е пренесен во болница заради болки во градите.

Температурите во паркираните автомобили во тој дел на САД, преку ден, ако температурата е 32 степена, за 20 минути растат на 48, а по половина час на 56 степени целзиусови.

Само годинава во прегреани автомобили починале најмалку 27 деца, од кои шест во Тексас. Во САД заради неодговорност на родителите лани  на ист начин починале 15 деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top