Повеќе од 20 илјади луѓе се спасени изминатиов викенд кога поради дожд се излеа река и предизвика огромни штети и жртви.
На ова видео што го објави американската спасувачка служба се гледа драматичниот момент на спасување на фамилија чиј дом го однела поплавата а помошта ја чекаат качени на покриви од куќите или од автомобилите.
Американскиот претседател Обама прогласи катастрофа во најпогодените подрачја вклучувајќи го и Батон Руж. Невремето предизвика штета и во Алабама и во Мисисипи.
Иако интензитетот на бурата е намален во изминатите 24 часа, надлежните велат дека се уште ништо не е готово.
Ситуацијата со поплавите останува и натаму многу сериозна.
9000 куки се целосно поплавени , а во некои делови се уште нема струја. Повеќе од 10 илјади луѓе се евакуирани а во расчистување на теренот мобилизирани се 2000 членови на националната гарда.
Затворени се околу 200 патишта а 1400 мостови треба да се проверат какви оштетувања претрпеле и дали сообраќајот може да се одвива по нив.
Според Луизијана и наредниве денови ја очекуваат дождови, а метеоролозите посочуваат на опасност и во соседниот Тексас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)