| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Барак Обама прогласи состојба на катастрофа во Луизијана

Повеќе од 20 илјади луѓе се спасени изминатиов викенд кога поради дожд се излеа река и предизвика огромни штети и жртви.

На ова видео што го објави американската спасувачка служба се гледа драматичниот момент на спасување на фамилија чиј дом го однела поплавата а помошта ја чекаат качени на покриви од куќите или од автомобилите.

luizijana poplavi 6

Американскиот претседател Обама прогласи  катастрофа во најпогодените подрачја вклучувајќи го и Батон Руж. Невремето предизвика штета и во Алабама и во Мисисипи.

Иако интензитетот на бурата е намален во изминатите 24 часа, надлежните велат дека се уште ништо не е готово.

Ситуацијата со поплавите останува и натаму многу сериозна.

luizijana poplavi

9000 куки се целосно поплавени , а во некои делови се уште нема струја. Повеќе од 10 илјади луѓе се евакуирани а во расчистување на теренот мобилизирани се 2000 членови на националната гарда.

luizijana poplavi 3

Затворени се околу 200 патишта а 1400 мостови треба да се проверат какви оштетувања претрпеле и дали сообраќајот може да се одвива по нив.

luizijana poplavi 5

Според Луизијана и наредниве денови ја очекуваат дождови, а метеоролозите посочуваат на опасност и  во соседниот Тексас.

luizijana poplavi 4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top