| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот сопруг ѝ приредил хорор: Ја киднапирал, ја истепал, па ѝ рекол да се смират

policijaaa-640x427

Ја грабнал, ја киднапирал, ја претепал, па и рекол: „Ајде да се смириме“. Овој хорор се случил викендов во Тетово кога 33-годишната тетовка Ј.А. вчеравечер околу 22 часот, враќајќи се пешки кон својот дом, била киднапирана од нејзиниот поранешен сопруг, 31-годишниот С.А. со кого судски се разведени.

– Тој насилно ја внел во возило„ голф“ и физички ја малтретирал, повеќе пати удирајќи ја по главата и по телото, по што се упатил кон две околни тетовски села, каде што продолжил со малтретирањето. Откако се вратиле назад во Тетово, поранешниот сопруг ѝ предложил да се смират и повторно заеднички да живеат, но таа одбила таква можност и тогаш ја пуштил да замине дома- информираат од СВР Тетово.

Ј.А. веднаш го пријавила случајот во полициска станица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top