| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?

Успешната акција на полициските специјалци, вчера ја одмолча раководството на МВР. Лоцирањето и убиството на долгогодишниот бегалец Јетнон Реџепи од тетовско Ларце помина со соопштение и тоа откако медиумите и јавноста, притискаа да дознаат зошто околу тетовско има многу специјалци и теренот го надлетува хеликоптер, објави „Алфа телевизија“.

Што е во позадина и зошто челниците во МВР одлучија големата акција да помине незабележливо се наметнува како прашање, ако се земе предвид дека за помали настани, врвот на МВР држел пресконфенрнции. Во минатото пак скоро секоја полициска акција, трпеше критики од бројни невладини и партиски активисти блиски до актуелната власт, што не се случи овој пат. Акцијата на специјалците вчера ја осуди Захир Бекири Чаушот, кој синоќа на социјалната мрежа напиша

– “Падна првата жртва од новиот режим Албанец во Тетово Бог да го прости. До актуелната власт – не тепавте во Бит Пазар, во Гостивар, во Тетово за Универзитетот, сега пола полицајци од тој Универзитет имаат дипломи, ви веруваме нарочито јас! Доста е! “.

Вчера рано утрото, специјалците го убија Јетнон Реџепи откако со калашников пукаше кон нив и не сакаше да им се предаде. Тој беше осуден на 26 години и 10 месеци затвор за повеќе тешки кривични дела. По него имаше распишано меѓународна и повеќе централни потерници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top