Ја грабнал, ја киднапирал, ја претепал, па и рекол: „Ајде да се смириме“. Овој хорор се случил викендов во Тетово кога 33-годишната тетовка Ј.А. вчеравечер околу 22 часот, враќајќи се пешки кон својот дом, била киднапирана од нејзиниот поранешен сопруг, 31-годишниот С.А. со кого судски се разведени.
– Тој насилно ја внел во возило„ голф“ и физички ја малтретирал, повеќе пати удирајќи ја по главата и по телото, по што се упатил кон две околни тетовски села, каде што продолжил со малтретирањето. Откако се вратиле назад во Тетово, поранешниот сопруг ѝ предложил да се смират и повторно заеднички да живеат, но таа одбила таква можност и тогаш ја пуштил да замине дома- информираат од СВР Тетово.
Ј.А. веднаш го пријавила случајот во полициска станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?