Фантастичен финален меч на тенискиот турнир на Олимписките игри во Рио синоќа приредија Енди Мареј и Хуан Мартин Дел Потро, во кој на крајот славеше Британецот по одиграни четири сета. И Аргентинецот лесно можеше да стигне до победата, но во финишот немаше среќа и концентрација.
Иако успеа од турнирот да ги елиминира Ѓовокиќ и Надал, златото на Дел Потро “му се лизна од раце”. На крајот, на мрежата спортски му честиташе на Мареј, по што веднаш почна да плаче.
Потоа доцнеше и церемонијата за доделување на медалите, затоа што Аргентинецот отиде до тоалетот за да се среди.
— doublefault28 (@doublefault28) August 15, 2016
Додека на едната страна на теренот плачеше Аргентинецот, на другата и Мареј беше во солзи. Се разбира двајцата од сосема различни причини
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.