| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз за судот во Хаг: Милошевиќ ослободен од вина за воени злосторства

Slobodan-Milosevic

Судскиот совет на Хашкиот трибунал го ослободи од вина за воени злосторства поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ. Оваа произлегува од пресудата за Радован Караџиќ кој е осуден на казна затвор од 40 години. Судот немаше никакви докази дека Милошевиќ е виновен за воени злосторства во војната во Босна и Херцеговина.

Ова е тежок удар за судот во Хаг кој во обвинението го посочуваше Милошевиќ за војната во поранешна Југославија. Милошевиќ почина во затворот во 2006 година, откако во 2001 година со промената на власта во Србија тој беше префрлен во Хаг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top